Тригодишно девојче од Србија пронајдено мртво без облека во автомобил - мистериозна смрт го шокираше светот

Тригодишната Мартина М. за која се вели дека е државјанин на Србија, пронајдена е мртва во автомобилот на својот дедо. Девојчето пред тоа било на роденден, а во автомобилот си играло со другите деца.

Како што наведуваат италијанските медиуми, мајката ја пронашла Мартина без свет и веднаш била транспортирана во болница, каде што била утврдена смрт.

Девојчето на челото имало рана и засега се проверува дали е повредена во игра, но девојчето сепак било без облека, што поставува низа други прашања.

Раната можела да настане од благ удар или пад, постои можност да се онесветила или заспала во автомобилот и починала од топлотен удар. Интересно е тоа што автомобилот не бил заклучен.

Сепак, обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за смртта.

 

 

 

16.07.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа