Тргна бранот поскапувања во Македонија - платите стојат во место

Бранот поскапувања тргнал уште во декември, пред да стапи на сила зголемената акциза. Според податоците кои денеска ги објави ДЗС, во декември 2017 во однос на истиот месец во 2016 тршоците на живот се зголемиле за 2,4%, а цените на мало за близу 5%. Цела 2017 донела повисоки трошоци за живот од 1,4% споредено со 2016, а цените на мало вкупно се зголемиле за 3,2%.

Според статистичарите, минатиот месец поскапеле компирите, јајцата, сирењето, маслото, оризот, зеленчукот. Повисоки цени пред Нова година имале и транспортот, болничките услуги, течните горива, авионскиот превоз, туристичките аранжмани, гасот за домаќинствата.

На годишно вино рекорд според зголемувањето на цената држи овошјето. Во 2017 било за 14% поскапо од 2016, цигарите пак за истиот период поскапеле за близу 9 и пол проценти.

Пред покачувањето на акцизата за 3,5 денари, транспортот поскапел. Во декември 2017 транспортните услуги поскапеле за 21% споредено со декември 2016, а комуникациите за 9,5%.

Дали бранот поскапувања во декември ќе ја помести проектираната инфлација за 2017 година, допрва ќе се пресметува. Таа требаше да изнесува 1,3%. За оваа година е проектирана на повисоко ниво од 1,7%. 

 

 

 

 

 

09.01.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа