„Трансверзалец“ ги замоли планинарите да се воздржат од изјави за трагедијата на Кајмакчалан

Планинарското друштво „Трансверзалец“ преку статус на својот Фејсбук профил ги замоли сите планинари да се воздржат од изјави поврзани со трагедијата на Кајмакчалан, каде загинаа двајца млади планинари.

„ДПС Трансверзалец ги замолува сите планинари да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан до објавување на официјален извештај“, велат оттаму.

Ова е првата порака со која се огласи планинарското друштво на социјалните мрежи по трагедијата. Од друштвото велат дека нема да даваат никаква информација за медиуми сѐ до прес-конференцијата која ќе се одржи најверојатно во петок.

 

 

 

 

13.02.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа