Трамп на Твитер блокирал жена која боледува од рак откако го искритикувала здравствениот систем

Претседателот на САД на социјалната мрежа Твитер блокирал жена од Невада, откако јавно го искритикувала здравствениот систем на САД.

Лаура Пакард боледува од четврт степен рак на лимфните жлезди и во средата дознала дека претседателот ја блокирал на Твитер.

Пакард на Твитер обично пишува за здравјето, но во вторникот истакнала и јавни критики на сметка на законот за здравство. Законот кој го донел Обама им овозможувал на граѓаните полесно да ги платат здравствените сметки, бидејќи според законот нивните трошоци би биле покриени преку осигурувањето.

Но, Трамп одлучил тој закон да се смени.

-Многумина од нас ќе починат затоа што ќе немаме осигурување кое ќе ги покрие нашите здравствени трошоци - напишала таа на Твитер.

 

 

 

23.09.2017 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа