Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која го остварува она што го ветува, СДСМ со многу ветувања малку проекти

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме единствена партија која гради и реализира проекти. Го остваруваме она што го ветуваме.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на денешната панел дискусијата на тема „Единствени кои реализираат проекти во инфраструктурата“, која се оддржува во рамки на одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Гледајќи го сега составот на новата влада, ценам дека нема да биде успешна. Истите лица од минатото, па според тоа, како и во минатото така и сега- многу ветувања, а малку проекти. Ние се разликуваме по тоа што, сето она што сакаме да го направиме го ставаме во програма која е добро смислена.

Трајановски потсети дека од 2009 година е градоначалник на Скопје.

-Секако дека има многу проекти кои видно го изменија изгледот на главниот град на Македонија. Да се потсетиме какви беа булеварите тогаш какви се сега, исто така и за автобуски превоз- каков беше во минатото каков е сега, каква е сега комунална хигиена, какви беа парковите и колку зелени површини имаше во минатото, какво е сега…

Градскиот татко на панел дискусијата говореше и за реализацијата на инфраструктурните проекти во скопските општини.

-Градевме во сите 10 општини, без разлика дали градоначалниците се од власта или опозиција. Вложувавме во сите 10 општини. Реализиравме и во урбаниот и во руралниот дел. Нема општина во која нема некој крупен проект, подвлече Трајановски и додаде дека секоја година Град Скопје и финансиски им помага на општините.

-Кога ние дојдовме на власт, Јавните претпријатија на Град Скопје должеа 17 милиони евра, а сега се во добра финансиска и кадровска позиција, истакна Трајановски.

Потенцираше и дека е склучен е договорот за Луна Паркот и се очекува до август или септември да пристигнат првите реквизити во новиот Луна Парк.

 

 

 

16.06.2017 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа