Трајановски апелираше до сопствениците на угостителските објекти да не ги зголемуваат цените – тоа би било погубно за Скопје

Ние сме дел од тимот кој што е задолжен за организирањето на Суперкупот. Имаме свои задолженија, претежно инфраструктруни, односно околу сообрќајните знаци, околу чистењето на улиците, околу билбордите, околу фанзоните.

Ова во гостувањето на Телевизија Алфа го истакна скопскиот градоначалник, Коце Трајановски.

Истакна дека Градот континуирано работи за да може да ги заврши сите работи пред одржувањето на Суперкупот.

-Ги интензивираме комуналните претпријатија за градот да биде почист, поубав, да биде позелен, да има повеќе цвеќиња. Минатата недела чистевме околу Арената „Филип Втори“, околу Вардар, ќејот на Вардар, посочи Трајановски.

Апелираше до сите сопственици на угостителски објекти да не ги зголемуваат цените, бидејќи со тоа ќе одвратат навивачите да не доаѓаат во Скопје.

-Гледаме по медиумите дека се повеќе почнуваат да бараат алтернативно сместување, па некои дури бараат сместување во Солун. Тоа ќе биде многу лошо и погубно за Скопје, потенцира Трајановски.

Тој, исто така, апелираше и до рестораните и кафулињата, цените да бидат нормални какви што се сега.

 

 

 

 

17.07.2017 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа