Трагите со барут ќе ја откријат тајната - пресврт со актерката која ја рани хирургот

Трагите со барут ќе ја откријат тајната за тоа што всушност се случило меѓу хирургот од Србија, Срѓан Цветановиќ и неговата девојка, актерката Ивана Панзаловиќ во која тој пукаше па се самоуби.

Утврдено е со досегашната истрага дека двајцата имале алкохол во крвта кобната вечер во 4 часот и 30 минути. Со деталните анализи ќе се открие дали е тоа поводот за љубомора и пукањето.

Актерката која уште е во болница е единствен жив сведок на оваа драма. Балистичкото вештачење треба да покаже кој пукал, и од која дистанца. Се проверува дали и актерката имала барут на рацете, иако се тврди дека во неа било пукано.

На основа на раните ќе се покаже дали е вистинита нејзината приказна. Од полицијата велат има некои нејаснотии, па може да се очекува пресврт во приказната.

 

 

 

 

13.09.2017 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа