Трагедија во светот на спортот: Загина 17 годишниот скијач

Младиот германски скијач, 17 годишниот Мах Буркхарт при полна брзина завршил во заштитната мрежа. Однесен бил во болница, но починал ден подоцна, како последица од тешките повреди.

Само три нели откако на тренинг загина францускиот скијач Давид Поисон, се случи уште една трагедија.

Во текот на спуст натпреварувањето од Нор-Ам серијата, животот го загуби 17 годишниот Германец Макс Буркхарт.

Ја изгубил контролата на најстрмниот дел на стазата, па со полна брзина завршил во заштитната мрежа.

Лекарите веднаш реагирале, а младиот Буркхарт веднаш бил однесен во болница во критична состојба.

Несреќата се случила во вторникот, а германскиот скијач на повредите им подлегна ден покасно.

Буркхарт беше член на скијачкиот клуб Гармиш, а се школувал на „Sugar Bowl Academy“ во Калифорнија.

 

 

 

07.12.2017 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа