Трагедија во Струга: Работник го удри струја, почина на лице место

Околу 11 часот и 30 минути во Струга на улицата „Едвард Кардељ“ се случила трагедија кога 44-годишниот Г.М. од Охрид со неговиот брат А.М. и М.П. сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, местеле олуци на куќата на Ј.Б.

 Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал. Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полицијата во Струга.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

 

 

 

13.09.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа