Трагедија во Македонија - мртва жена пронајдена во водите на Вардар

Мртва жена, на возраст од 70 години вчера била пронајдена во водите на реката Вардар, во „Долни Дуќани“- Велес, соопштуваат од полиција.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи во Велес.

Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на жената.

 

 

 

13.10.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа