ТРАГЕДИЈА: Таткото на славниот актер е пронајден мртов во својот автомобил

Куба Гоодинг Сениор  , соул ѕвездата и татко на актерот Куба Гоодинг Јуниор , пронајден е мртов во својот атмобил во Лос Анџелес. пренесуваат тамошните медиуми. Гоодинг наредната недела требаше да го прослави својот 73. роденден. Пејачот е пронајден мртов во четвртокот во 12: 58 часот по локално време, а оживувањето било безуспешно. 

Од полицијата не сакале да го потврдат идентитетот, но како што велат по дојавата во исто време е пронајдено беживотното тело. 

Куба Гоодинг Сениор е најпознат по својот хит од 1972 година ``Everybody Plays the Fool`` снимен додека бил фронтмен во бендот The Main Ingredient. Освен тоа, познат е и по тоа што е татко на славниот актер Куба Гоодинг Јуниор. 

 

 

 

21.04.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа