Трагедија го потресе светот: Отишла на пат со момчето, ја вратиле дома во ковчег

Момчето на починатата девојка последен пат ја видел додека читала покрај базенот, кога му рекла дека ќе се најде со него на вечера.

Младата аптекарка се убила на романтичниот одмор со своето момче на Тенерифе.

Викторија Смит (25) рекла му рекла на момчето дека со него ќе се сретне за време на вечерата, а потоа ја пронашле обесена.

Инцидентот се случил во март годинава. Девојката боледувала од депресија и често се чувствувала како „целиот свет да го носи на грбот“.

Таа неодамна го продала својот коњ за да може да купи куќа со своето момче Мет. Според инсајдерски информации, Викторија била незадоволна од својата работа и требало да почне да работи на друго место. Патологот Џејмс Њума поднел извештај за нејзината смрт, а дал и заклуок за дел од ситуацијата во која се наоѓала.

-Викторија била млада жена која очигледно го имала целиот живот пред себе. Имала периоди кога се чувствуала лошо, била на антидепресиви, но и делувала возбудено поради новата куќа. Сакала да ја смени работата, зошто била незадоволна. Требало да почне да работи во април. Нејзината иднина делувала светло.

Меѓутоа менталната болест е еден од најголемите демони на нашето време и трагишно е што Викторија била една од тие луѓе што боледуваат од неа. Според зборовите на нејзиниот татко Алан Смит (62) и мајката Линда Смит (59), Викторија чувствувала дека некои работи кај неа не се во најдобар ред, па отипла на лекар по лекови.

-Работата во Велс не и одговарала. Се вратила дома, но се чувствувала како да напушта драги луѓе. Семејството било покрај неа. Почнала да работи во аптека но не било тоа што го сакала. Врската со Мет убаво напредувала и навистина уживале заедно, рекоа тие.

 

 

 

12.10.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа