Толку од свежото време- еве кога не очекуваат повторно високи температури

Максимални температури од 25 Штип, Гевгелија, Струмица, Виница, Д. Капија, 24 Скопје Петровец, 23 Скопје, 22 Тетово, Охрид, 21 Берово, 19 Прилеп, Битола, Ѓуриште, 18 Пожаране, 17 Тополчани, 16 Претор, Лазарополе, 13 Маврово.

 

 Наврнат талог  (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.

 

4 Битола, 2 Претор, Гевгелија, 1 Тополчани и помалку од 1 литар на квадратен метар во Струмица, Штип.

 Времето денес преку целиот ден се задржа облачно со повремен дожд и тоа најпрвин на југ и југоисток, а од пладне се повеќе кон југозапад. Ретки грмежи имаше на југоистокот само утринава.

Попладнево во 17 ќасот веќе нема регистрирано врнежи. Преку денот дуваше северен ветер кој од пладне засилуваше на север, вдолж Повардарието, но и во Пелагонија.

 Вечерва слаби врнежи се можни на југот од земјата, а преку ноќта облачноста ќе се намалува. Северниот ветер ќе стивнува и до изутрина се очеку ветер со слаб интензитет. На крајот од ноќта повеќе облачност ќе има на југот од земјата.

 

 Утре сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во средината на денот облачноста ќе се зголеми. УВ=8 Т-мин. од 9 до 15 а т-мин. 22 до 30 степени. Во Скопје утре исто така сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, попладне и со зголемена облачноста. Температурата од 13 до 29 степени.

 

 Од утре следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности. На средината на неделата краткотрајно ќе дува јужуне ветер, инаку ветерот ќе остане постојано од северен или североисточен правец.

 

 

 

 

 

 

17.07.2017 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа