ТМРО: Примената на Законот за јазици да се спречи со референдум

ТМРО денеска реагираа на донесувањето на Законот за јазиците. Бараат собирањето на 150.000 потписи, за потоа референдумски да се изјаснат државјаните на Македонија за оваа одлука.

„Извршниот одбор на ТМРО, најпрвин ќе направи анализа на донесените законски одредби и нивната усогласеност со Уставот, ќе ја разгледа можноста за организирање на ваква иницијатива доколку донесениот закон е штетен по македонските национални интереси, ќе ја има предвид и партиската кондициона структура по локалните избори, ќе разгледаме и можност за поширок политички и поединечен фронт со цел итна реакција за зачувување на унитарниот карактер на македонската држава“, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански, пренесе МКД.МК.

 

 

 

 

12.01.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа