Тлото не се смирува- Уште еден земјотрес во Македонија

Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во една минута пред полноќ во околината на Тетово и Гостивар.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република  Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, соопшти синоќа Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега