Тлото не престанува да се тресе денеска - уште еден земјотрес, 4 лица исчезнаа

 Четири лица се водат како исчезнати по земјотресот што го погоди Гренланд и предизвика цунами. Земјотресот бил со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала, соопштија локалните власти. 

- Исчезнатите се наоѓале во една од 11-те згради на островчето Нугатсиак, што синоќа беа погодени од големите бранови, изјави началникот на гренландската полиција Бјорн Тегнер Бај.

Тој додаде дека се уште не може да потврди дали има жртви. 

Седум лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба.

Епицентарот на земјотресот бил на 30 километри северно од Нугатсиак, каде живеат стотина лица.

Гренландската полиција евакуирала 78 лица и се обидува да ги пронајде останатите. 

 

 

 

18.06.2017 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа