Тинејџер прегазил пешак па побегнал - потоа сам дошол во станица во Тетово

Четириесет годишен пешак е полесно повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера, кога околу 19 часот и 20 минути, на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во Џепчиште, возило „Опел вектра“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал 19- годишниот тетовец К.Т. налетал на 40-годишниот Н.А.од Џепчиште.

-Повредениот пешак со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување, додека возачот прво го напуштил местото на несреќата, но подоцна самиот се пријавил во тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, информираат од СВР Тетово.

 

 

 

14.11.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа