Тимот на Фејсбук со изјава: Медиумите да му плаќаат на Цукенберг за своите објави

Се повеќе критики доаѓаат на сметка на „Фејсбук“ поради нивниот нов news feed и поради падот на посетеноста на порталите.

Медиумскиот могул Руперт Мардок во понеделникот изјави дека „Фејсбук“ треба ги наплатува средствата слично на моделот што го користат кабелските компании.

Од друга страна Мардок вели дека медиумските издавачи кои му додаваат вредност и интегритет на „Фејсбук“ со своите информации и содржини не добиваат ништо за возврат.

Неговите изјави доаѓаат неколку дена откако челникот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, изјави дека социјалната мрежа ги преферира „посигурните“ вести на своите страници, идентификувајќи ги висококвалитетните извори и борејќи се против дезинформациите.

Фејсбук и Гугл се што направија, според Мардок, е дека само ги популаризираа навредливите извори на вести низ алгоритам на Цукенберг, кој е профитабилен само за таа платформа, но неверодостоен“, порачал Мардок, челникот на News Corp корпорацијата во чија сопственост, освен низата австралиски медиуми, се и американскиот „Вол стрит журнал“, „Њујорк пост“, британските „Сан“ и „Тајмс“.

Мардок истакна дека корективните мерки кои „Фејсбук“ и „Гугл“ засега ги предложиле се несоодветни, само комерцијални, социјални и многу мал дел новинарски.

 

 

 

25.01.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа