Тевдовски најави дека државата ќе се задолжи 470 милиони евра следната година

Министерот за финансии Драган Тевдовски изјави дека во Предлог-буџетот за 2018 година е предвидено со задолжување на домашниот и странскиот пазар да се обезбедат околу 470 милиони евра за финасирање на буџетскиот дефицит и за враќање на доспеани обврски што ги направиле претходните влади. Тој истакна дека каматната стапка ќе биде пресудна за задолжување на странскиот пазар.

 

„Не е исто да се излезе на странски пазар или со еврообврзница која ќе има три, четири и пет проценти или ќе има девет или 10. Ќе донесеме одлука за излегување на странски пазар само ако мислиме дека граѓаните ќе платат ниска цена“, изјави Тевдовски на промоцијата на неговата публикација „Патот напред – Колумни за економскиот раст и социјалната кохезија во Македонија“ на Економскиот факултет во Скопје.

Тевдовски вели дека за следната година е предвидена можност и за странско задолжување, бидејќи, како што кажа, каматните стапки на меѓународните пазари сега се поволни, а очекувањата се дека ќе почне да се зголемуваат.

 

 

 

13.11.2017 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа