Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Прилеп

Вчера во 13 часот и 35 минути  на крстосницата од улица  „Димко Нареднико“ и улица  „Биди маж“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Лупо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 29- годишниот З.Д од Скопје и велосипед управуван од 53- годишен М.Ш од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал велосипедистот, кој со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во  Прилеп.       

 

 

 

19.06.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа