Тешка сообраќајка - загина дете, мајката се бори за живот

Тринаесет годишно момче од Србија загина, а шест патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случила денес во близина на Благоевград во Бугарија.

Најтешко е повредена мајката на починатото момче, која веднаш е префрлена во болница во Софија, додека останатите се задржани на хирургија во Благоевград.

Несреќата се случила денес на магистралниот пат кој од Софија води кон Грција, каде директно се судриле патнички автомобил и возило.

Во патничкиот автомобил имало брачен пар со две деца, а во другото возило тројца патници, кои се враќале од домор од Грција.

 

 

 

18.06.2017 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа