Тешка сообраќајка во скопски Карпош - едно лице во болница

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода која се случила утрово околу 7:50 часот на раскрсницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Бледски Договор“, во скопската населба Карпош 3.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила кога, засега од непознати причини, се судриле автомобил „Опел“ и камион на комунална хигиена „дихачи“.

Во несреќата е повреден возачот на камионот, 40 годишниот С.Х. Тој веднаш бил пренесен во болницта „8-ми Септември“.

Увид се уште се врши.

10.01.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа