Тешка сообраќајка во Прилеп - двајца повредени веднаш префрлени на Клинички

На 18.06.2017 година во 04.00 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот  Г.Ѓ.  од Прилеп и патничко возило „Мерцедес“, управувано од 44-годишниот Т.С. од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнале сопатникот од возилото „Ауди“-Г.З. 19-годишник од од Свети Николе, и сопатникот од возилото „Мерцедес“-К.Д. 23-годишник од Прилеп. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Градска болница Прилеп, од каде по укажаната медицинска помош, поради сериозноста на повредите, биле препратени во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица во Прилеп.

 

 

 

19.06.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа