Теренска дезинсекција во општина Старо Нарогичане

Во општина Старо Нагоричане утре и задутре екипи на Центарот за јавно здравје од Куманово ќе извршат терестичка дезинсекција против комарци.

- Апелираме до пчеларите од подрачјето на општината да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства, изјави епидемиологот од Центарот за јавно здравје, доктор Јадранка Стаменковска.

Со дезинсекцијата се очекува да се спречи појавата на преносливи болести коишто ги пренесуваат комарците.

Дезинсекцијата може да се одложи за наредниот ден доколку временските услови се неповолни.

Станува збор за прва фаза ода терестичката дезинсекција во оваа општина. 

 

 

 

19.06.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа