Тепачка во угостителски објект во Скопје

Околу 20 часот и 50 минути во угостителски објект на улицата „11 Октомври“ во Скопје дошло до нарушување на jавниот ред и мир.

45-годишниот Ф.Т. и 56-годишниот И.Х. од Скопје, кои седеле со уште две лица во објектот, физички биле нападнати од страна на повеќе лица, меѓу кои биле Е.Р. и М.Р. од Дуќанџик.

 

Физички биле нападнати само Ф.T. и И.Х, додека на другите двајца им било кажано да се тргнат на страна. При тепачката бил искршен поголем дел од инвентарот од локалот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

14.09.2017 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа