Тепачка меѓу две жени во Скопје: Ја удрила со клешти по глава, па почнала да ја дави

Вчера во 14 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, 47-годишната С.С. од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз 59-годишната Л.С. од истото село. 

Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, алиштата ги оставила на столбовите од лозјето на С.С.

С.С. ѝ ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда. После тоа,  ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.

По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

16.04.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа