Тенисерот го достигна дното: Ќе влезе во реално шоу како би ги вратил долговите

Тениската легенда Борис Бекер ќе се обиде со живот во џунгла да стигне до подобра финансиска состојба.

Славниот тенисер и екс тренер на Новак Ѓоковиќ, наводно преговарал со британската телевизија „ИТВ“ за учество во реалното шоу „I’m a celebrity, get me out of here“.

 

-Сите знаат дека финансиската состојба на Бекер е катастрофална и неопходен му е брз начин за извлекување од долговите.  Неговиот ПР тим е на преговори со челниците на едно реално шоу и тие се надеваат дека ќе добијат најмалку половина милион фунти само за учество во шоуто, изјавил за медиумите извор близок до Бекер.

Новата сезона на шоуто „I’m a celebrity, get me out of here“, во кое 12 познати личности живеат на оддалечена  непристапна локација и се борат за статусот на крал и кралица на џунглата, започнува во ноември.

 

 

 

 

09.10.2017 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа