Телефонот ви падна во вода - веднаш преземете мерки за да го спасите

Прочитајте ги неколкуте совети кои би можеле да ви помогнат во спасувањето на вашиот паметен телефон доколку ви падне во вода.

Летото започна, доаѓа време за летните одмори, а тоа подразбира уживање на базените и плажите, па покрај „основната опрема“ која што ја носите на плажа, на повеќето луѓе неизбежен предмет без кој не одат на плажа е телефонот.

Пред да заминете на одмор ви советуваме пред се да направите backup на содржината на вашиот телефон (префрлете ги податоците на вашиот компјутер или пак аплоадирајте ги на некој cloud сервис) за во случај на пад во вода и расипување на телефонот, трајно да ги загубите омилените фотографии, видеа и слично.

Но, дури и ако вашиот телефон паднал во водата, сепак постои добра шанса „да го спасите“ телефонот и сите податоци во него ако реагирате на време.

Најпрвин, сосема разбирливо, веднаш треба да го извадите од вода и ако е вклучен, веднаш да го исклучите. Избришете го телефонот со сува крпа, а ако батеријата се вади, извадете ја, заедно со СИМ картичката и мемориската картичка доколку ја имате во телефонот.

За да ја отстраните влагата од телефонот, никако не дувајте во него или не е обидувајте да го исушите со фен (постои можност водата да заврши уште подлабоко во деловите на телефонот), туку за сушење на влагата се препорачува користење на правосмукалка. После извлекувањето на водата, телефонот ставете го во сад со сув ориз, повремено превртувајте го и чувајте го така ден или два.

pameten-telefon-voda-oriz-tocka-2016-01

Во случај во телефонот и натаму да има влага, повторно повторете ја постапката, а иако методот со оризот е навистина смешен, сепак оваа метода се покажала како доста успешна, затоа што оризот лесно ја вовлекува влагата.

Секако, секогаш постои можност телефонот да не можете да го спасите, па доколку нешто не функционира откако ќе го вклучите, тогаш ќе мора да го однесете на сервис… или да си купите нов телефон.

 

 

 

02.12.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа