Тажна вест: Почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941

 

Вчера во Скопје на 94 години почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941.

Благојка Џалева-Ангелова, е учесник во НОБ и Антифашистичката војна и  за својата активност и за изградбата на повоена Македонија е одликувана со повеќе ордени и признанија.Работниот век го помина во Агенцијата за вработување на високи раководни функции.
 
Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 12 до 13 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе се изврши во 13 часот во Алејата на великаните. По повод смртта на  Благојка Џалева-Ангелова, телеграми со сочувство до семејството, испратија претседателите на Главниот и на Градскиот одбор на борците Вера Бунтеска и Трајко Стаматоски. 
 

 

 

18.11.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа