Тајна опција на Вибер: Дознајте како да ја активирате веднаш

 

 

Апликацијата Вибер во себе има мноштво корисни опции кои го олеснуваат допишувањето со пријателите и семејството, а една од нив е и можноста саканите конверзации да ги ставите на врвот на екранот, за секогаш да ви бидат при рака. За оваа опција знаа мал број луѓе и ретко се користи, а е многу практична.

Се што е потребно да направите е да го задржите прстот на саканата конверзација во почетното мени, по што ќе ви се појави мени со опциите: „Избриши разговор“, „Закачи на врв“ и „Сокриј разговор“.

Одберете ја опцијата „Закачи на врв“, по што одбраната конверзација веднаш ќе се префрли на прво место.

Оваа опција засега постои само на Андроид верзијата на Вибер.

 

 
 
01.12.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа