Тага и напнатост во семејството: „Убијте ги и спасете ме од казна“

Фрањо Цељак од Хрватска тврди дека тој и неговото семејство се на работ на нервен слом поради двете крави кои му побегнале во шумата и не може да ги најде. Поради двете преплашени крави, кои веќе 10 дена ги нема, кои талкаат на непознат терен каде што се изложени на опасност, смејеството на Фрањо е под постојан стрес.
Иако кравите не биле насилни, Цељак вели дека било што мже да ги преплаши и да ги упати во правец каде што ќе можат да предизвикаат сообраќајна несреќа, да повредат некого, а потоа полицијат би покренала судска постапка против него.
Од ветеринарната инспекција му велат дека не можат да му помогнат во фаќањето на кравите, но дека му се заканува огромна парична казна, бидејќи не ги чувал кравите на сигурно. Тој тврди дека кравите биле заградени со електрична ограда, која некако успеале да ја рескокнат, бидејќи нешто ги исплашило. Освен што веќе10 дена живее во страв, секојдневно трагајќи по кравите, Цељак е огорчен и на институциите.
Тој тврди дека кравите биле кротки и дека со сигурност биле преплашени штом избегале. Кажано му е дека Хрватска нема правно решение за ваквите ситуации и дека целата тежина му паѓа на сопственикот, па секоја помош од институциите му е оневозможена. Меѓутоа Законот за заштита на животните вели дека е допуштено животното да се усмрти доколку е опасна за луѓето и околината.
Цељак вели дека секојдневно трага по нив, но дека би бил посреќен ако му ги убијат кравите и го спасат од секакви казни.
 

 

 

21.04.2017 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа