Суслина со три одбранети пенали го најави финалето во ЛШ(ВИДЕО)

Искусната Ина Суслина на свои 38 години беше еден од главните виновници за одличната серија на ЖРК Вардар во првото полувреме. Ракометарките на македонскиот шампион беа фуриозни од самиот старт, а во градењето на високата предност своја заслуга имаше и руската голманка со три одбранети пенали во низа во првите 30 минути.

Прва „жртва“ на Русинката беше Изабел Гулден, чиј удар беше сопрен со фантастичен рефлекс. Следуваше уште поубава интервенција на Ина во дуелот со Кармен Мартин со помош на нејзината глава, за на крај повторно да биде поуспешна од Швеѓанката Гулден за трет последователен одбранет пенал.

Цврстата одбрана и расположениот напад му донесоа голема победа на ЖРК Вардар, кој во утрешното финале ќе игра против 

 

 
 

 

 

07.05.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа