Супер херој на модерното време: Маж посвои 4 дечиња со посебни потреби (фото)

Бенџамин Карпентер од Велика Британија е вистински инспиративно човечко суштество. Тој посвоил 4 дечиња со посебни потреби и има за цел овој свет за нив да го направи подобро место за живеење.

Бенџамин вели дека пораснал во религиозно семејство и отсекогаш сакал да стане татко. Да има биолошки деца никогаш не му било приоритет и посвојувањето му се допаѓало како опција.

Бидејќи бил свесен дека дечињата со посебни потреби потешко ги посвојуваат, затоа се одлучил својата љубов да им ја подари токму нив.

Ова патување го започнал пред 10 години, кога го посвоил неговото најстаро дете Џек. Момчето, кое денес има 10 години е родено со аутизам. Тој ги има и Руби (6), Лили (5) и Џозеф (2).

 

 

 

17.04.2018 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа