Стравично невреме ја зафати Германија - ураганските ветрови однеле 3 животи

Најмалку три лица загинаа вчера во Германија од невремето Себастијан која ја зафати Северна Европа, пренесе Франс прес, повикувајќи се на локалните власти. Ветрови ода 130 км/ч се регистрирани во близина на Северното Море. Невремето минува низ западните и северните делови на Германија и во текот на ноќта ќе се пресели во нејзиниот источен дел.

Две лица загинаа во северната провинција Хамбург и едно во западниот дел на Северна Рајна-Вестфалија. Еден човек со инвалидска количка беше пронајден мртов во реката во Хамбург.

Минувач пак бил турнат од градежно скеле во пристанишниот град што паднало од седмиот кат на зграда, и подлегнал на повредите во болница. Во Брилон, Западна Германија, 53-годишен маж загинал кога врз него паднало 20-метарски дрво.

Неколку германски провинции издадоа предупредувања за будност и ги советуваа своите жители да останат дома. Услугите за спасување постојано интервенирале за да се расчистат патиштата или да се врати електричната енергија.

 

 

 

14.09.2017 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа