Стравична смрт во огнена стихија - најмалку 23 момчиња настрадале во училиште во Малезија

Најмалку 23 лица, од кои повеќето тинејџери, загинаа утринава во пожар што изби во спалните соби на исламско училиште во предградие на малезискиот главен град Куала Лумпур, соопштија властите.

– Пожарникарите бргу стигнале на местото по повикот за помош во 5.41 часот по локално време и им бил потребен еден час да го изгаснат пожарот, кој почнал да се шири и на другиот кат од двокатницата – рече шефот на полиција, Амар Синг.
Тој соопшти дека се пронајдени најмалку 24 изгорени тела, од кои 22 се деца на возраст од 13 до 17 години, и двајца наставници.

Синг соопшти дека 14 ученици и четири наставници се спасени и дека шест од нив се хоспитализирани во критична состојба.

 

Полицијата поведе истрага која треба да ја утврди причината за несреќата.

 

 

 

 

14.09.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа