Стравичен масакр во Полска - еден загинат, седум повредени

Едно лице загина, а седум други се ранети вчера кога маж вооружен со нож нападна купувачи во една продавница во градот Сталова Воља во југоисточниот дел на Полска, соопшти полската полиција.

Според полицискиот портпарол Анджеј Виршина, инцидентот се случил околу 15 часот во најголемиот трговски центар во градот, кога вооружениот маж од зад грб нападнал осуммина купувачи во продавницата.

Полицијата успеала да го совлада и упаси напаѓачот, кој е идентификуван како 27-годишен локален жител по име Конрад К. Неговите мотиви за нападот засега не се познати.

Ранетите лица при нападот се пренесени во болница, каде набрзо една 50-годишна жена им подлегнала на здобиените повреди.

 

 

 

21.10.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа