Страшна железничка несреќа - повредени 21 лице меѓу кои и едно дете

 

 

На пругата Белград - Нови Сад вечерва се случила сообраќајна несреќа во која се повредени 21 лице, вклучувајќи и едно дете. Причината за судирот се лошите временски услови и слабата видливост.
 
- Сите повредени се згрижени и пренесени во Ургентен центар за понатамошно лекување - изјавила д-р Билјана Васиќ, портпаролка на Брзата помош во Нови Сад, но не можела да го определи степенот на повредите.
 
Како што пренесува Танјуг, еден патнички воз со брзина од 15 километри на час удрил во товарен воз.
 
Машиновозачот не бил повреден.
 
Несреќата се случила меѓу железничките станици Сајлово - Кисач, во близина на Нови Сад.
 
Увидот е во тек, а на лице место се преставници на српските железници.
 
 
11.01.2017 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа