Страшна сообраќајка во Волково: Едно лице на Ургентен

Во 06 часот и 50 минути на улицата „60“ во селото Волково, скопско, се судриле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Д.Ј. од селото и  патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот М.М.

Со повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „Опел Корса“, 48-годишната В.М. од селото Волково. Со возило на итна медицинска помош Д.Ј. бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Терза“ - Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекаска помош бил задржан на понатамошно лекување. 

М.М. и В.М. со возило на Итна медицинска помош и со друго возило биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

13.02.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа