Страшна сообраќајка кај Стража - 5 лица повредени, меѓу нив и деца

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево околу 13:30 часот се случила на првата кривина после Стража.

Според првичните информации со кои располага полицијата, комбе со засега непознати регистрески ознаки од непознати причина излетало од патот во провалија и се превртело на покрив. Повредените лица се пренесени во гостиварската болница каде им се укажува лекарска помош, но засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба.

Неофицијално, повредените се членови на едно семејство од Белорусија, меѓу кои има и малолетни лица.

Од полицијата додаваат дека увидот е во тек, по што ќе бидат познати детали. Застој во сообраќајот на овој патен правец нема.

 

 

 

02.08.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа