Страшна расправија во македонска кафеана - извадил нож и го прободел

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против 42-годишниот Н.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 19.04.2016 година, пред кафеана во Кривогаштани,  започнала вербална расправија помеѓу пријавениот и М.Х.. По кратко време, пријавениот од неговото патничко возило, кое било паркирано во непосредна близина, извадил нож и му нанел расекотина на раката на М.Х.. По ова, М.Х. почнал да бега, а пријавениот тргнал по  него и му нанел повреди во пределот на грбот и стомакот.

 

 

 

19.06.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа