Страшна несреќа во Македонија: Со кола влетал во бифе, итно на Трауматологија

Педесет и три годишниот В.К. од Мешеишта е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во центарот на селото околу 14 часот и 30 минути.

Од полицијата информираат дека В.К. управувајќи „Лада 110“ изгубил контрола над возилото и влетал во оградата од објектот на селското бифе, па со тешки повреди бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ од каде поради сериозноста на повредите е препратен на Клиниката за Трауматологија во Скопје.

 

 

 

 

19.10.2017 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа