Страшна несреќа во Македонија: Работник почина во големи маки

Во 10 часот на локалниот пат за селото Падалиште, гостиварско, на околу еден километар од железничкиот надвозник, во несреќен случај починал 67-годишниот М.К. од Гостивар, вработен во гостиварска фирма која изведувала градежни работи за изградба на термоцентрала.

Друг вработен во истата фирма, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, се движел наназад  и, без да забележи, со задниот дел од приколката го удрил М.К. кој паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал.

Смрт била констатиран од лекар од Итна медицинска помош Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. 

 

 

 

12.01.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа