Страшна несреќа во Македонија - прегазен велосипедист

На улица „Беличица“ во Гостивар вчера околу 16 часот и 40 минути, се случила сообраќајна несреќа кога патничко возило „Рено меган“ со гостиварски таблици, управувано од 56-годишниот гостиварец М.С. се судрило со велосипед што го управувал 61-годишниот Б.Ф. од околната населба Питарница.

-Во несреќата, велосипедистот задобил телесни повреди, со медицинско возило пренесен е и задржан во гостиварската болница за натамошно лекување. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата, околностите и се друго.Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 20 илјади денари, информираат од СВР Тетово.

 

 

 

14.11.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа