Страотна несреќа во Скопје: Скопјанец тешко повреден во својот локал

Околу 09 часот и 30 минути во Скопје на улицата “Пиринска“, 46-годишниот Г.П. од Скопје при пад од висина се здобил со тешка телесна повреда-пукнат череп, констатирана од страна на лекар во Ургентен центар.

Имено Г.П. при вршење увид на градежните работи на локал кој го купил пред извесно време, не забележал отвор на подот кој бил предвиден за скали и паднал од приземјето во подумските простории од висина од околу два метри.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување.

 

 

 

12.09.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа