Странец брутално претепан на Кеј во Скопје - итно пренесен во болница

Синоќа во два часот по полноќ, во полициска станица во Скопје било пријавено дека десет непознати лица, брутално претепале државјанин од Република Турција, со привремено сместување во Скопје, пишува во соопштение од полицијата.

Инцидентот се случил на улицата „Кеј 13-ти ноември“, каде Р.Џ.Ј бил физички нападнат, поради расправија во врска со девојка. Р.Џ.Ј со возило на Брза помош веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде што му биле констатирани телесни повреди, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на напаѓачите и расчистувањ на случајот.

 

 

 

21.10.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа