Наскоро маслинов зејтин од Македонија?

Македонија | 6. јули 2011 - 11:42
Дојран ќе стане првиот производен центар за маслиново масло, ќе се садат 12.900 садници од новиот вид на маслинки наменети за производство на маслиново масло

Фирмата „КМ компани“ од Нов Дојран информира дека започна со подготовките за садење нови 12.900 садници од новиот вид на маслинки наменети за производство на маслиново масло

Веќе се пуштени огласите за потребите од нова работна сила која е неопходна во оформувањето на плантажите на маслиновите дрвја како извор на суровина, кои ќе бидат застапени на површина од 60 хектари.

„Со новиот проект планираме производство на околу 300 тони маслинов зејтин, кое покрај на домашниот ќе биде наменет и за странските пазари“, вели Киро Киров, сопственик на компанијата.

Киров е магистер по агрономија и негово стручно дело е создавањето на новата сорта наречена „марсела“ наменета за производство на маслиново масло, што е резултат на стручниот труд во соработка со д-р Борис Ристовски од Катедрата по овоштарство при Земјоделскиот Факултет во Скопје и Евангелос Свакиотакис од Катедрата за маслинки при грчкиот Факултет „Аристотел“.

Целиот проект чини околу 850.000 евра, од кои 50 одсто е за набавка на нова опрема за производна обработка на маслинките. 

Проектниот план е веќе доставен и до Европските финансиски институции за подршка на руралниот развој, за што деловниот тим на „КМ“ очекува соодветна поддршка преку ИПАРД програмата на Европската Унија.

„Планираме овој проект да прерасне во локално партнерство помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои доколку ги следат поволните услови за одгледување на маслинката во Гевгелиско-Валандовската Котлина, каде припаѓа и Дојран, можат да се создадат кооперантски односи со индивидуалните одгледувачи  и годишна обработка на близу 600 тони маслинов зејтин“, ги објаснува долгорочните планови Киров.

Со тоа наместо сегашните 40 нови вработувања, потребните уште 60 во сезоната на бербата, со локалното партнерство ќе бидат овозможени и семејни бизниси и дополнителни приходи за локалните жители.

 

Коментари

Pocituvani,mnogu se raduvam

Pocituvani,mnogu se raduvam za ovaa vest,no bi gi zamolila proizvoditelite na maslinkite da napravat i klasa na maslinki koi sto,se razbira ke bidat poskapi,no ke go imaat vrvniot kvalitet!Ovie maslinki sto oni gi nudat se ednakvi na onie sto gi kupuvame niz site piljari,grckite,koi voopsto ne se ona vistinskoto!
Znaci,ako ponudi Dojran kvalitet,ke ima i dobra potrosuvacka!Mora da deli proizvodstvoto od ona sto ni go nudat prodavnicite sekojdnevno!
Okolu zejtinot,bi trebalo da ponudat na pazarot i obicen maslinov zejtin i onoj,,ladno cedeniot,,koj e so mnogu podobar kvalitet od maslinov zejtin koj se prerabotuva so pomos na termicki proces!Ve pozdravuvam!

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.