Стојановски: Ако ова потрае објектите кои ги направи ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сведоштво дека некој нешто тука сакал, а некој разрушил

ВМРО-ДПМНЕ продолжиуваат со своите трибини, начин на кој што партијата е уште поблиску до граѓаните и полесно доаѓа до комуникација со нив. Денеска дискусија имаше Комисијата за култура на најбројната партија со Собранието, модераторот на трибината беше Весела Честоева.

На трибината говореше Цветан Стојановски, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ инвестирала многу во културата, направени биле доста нови институции, направена беше Филхармонијата, изградена беше новата зграда на МНТ, како и многу други проекти кои се од голема корист за културата.

-Сега тие проекти чмаат, ако ова лудило потрае тие објекти ќе бидат сведоштво дека некој нешто тука сакал, но некој тоа го разрушил, изјави Стојановски.

Тој кажа дека театарот, операта, балетот и другите институции егзистирале во импровизирани објекти, меѓутоа поради уметниците кои сакале да работат опстоиле.

-Во овој момент кога нашиот национален идентитет е нападнат од сите страни се соочуваме со фактот, дека некој се дрзнува без никаква можна дебата да го укине статусот национален уметник, криејќи се зад некој квази факт, зад некоја лага дека тоа е одлика на тоталитаристичките системи, што воопшто не е точно, изјави Стојановски.

Тој напомена дека моментално се праќа порака до младите да не се трудат во својата работа, бидејќи веќе оние награди кои беа мотив за нив нема да ги има.

-Она што во културата само за годинава се скратени 4 и пол милиони евра е сосема доволно за припадниците на Шарената револуција да бидат добро обскрбени. Јас сум сигурен дека многу наскоро ќе дојде до скратување во ансамблите, многу млади музичари кои од мали се школуваат нема да имаат каде да се надоградуваат, изјави Стојановски.

 

 

 

12.09.2017 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа