Стојанова Дуева: Новата ера ќе дојде и во образованието

Татијана Стојанова Дуева, член на Комисијата за образование , на денешната трибина на истоимената комисија ги изрази своите ставови за работата на Владата на СДСМ  за 4 месеци откако се на власт.

Таа потенцираше дека СДСМ се обидува да собере ситни поени пред изборите со тоа што ќе ги укине наставните часови. Со намалување на бројот на наставните предмети ќе почне да се отпушта наставниот кадар

 

-Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ наследи 13 милиони денари, додека СДСМ во 2017 наследи 23 милиони денари во буџетот на Министерството за образование. Овде станува збор за зголемувањ ена инвестициите во здравството за 86%. Новата ера на ВМРО-ДПМНЕ почнува со образованието. Младите се нашата иднина. Ние спроведуваме политики за најдоброто на нашите млади и видливи се промените кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието, рече Стојанова Дуева.

Стојанова Дуева заклучи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ им помогна на наставниците да им се среди работниот однос  со негова трансформација.

 

 

 

12.10.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа