Српски медиуми: Срамни слики од гробот на Тоше Проески- ваква глетка никој не очекуваше (ВИДЕО)

Од трагичната смрт на Тоше Проески минаа речиси десет години, а легендарниот пејач и понатаму почива во гробницата на која нема надгробна плоча, која е замотана во најлон, поставена на вештачко ридче… земјата на гробот, постојано тоне, пластиката се крши на сите страни, а фановите на македонскиот ангел се во неверица.

 Српските портали објавија дека и обожавателите на Тоше од Србија се незадоволни, пишува српски Курир.

Наскоро навршуваат десет години од трагичната смрт на Тоше Проески, а на неговото вечно почивалиште, кое е во фаза на распаѓање, нема ни надгробна плоча.
 
Гробот на македонската музичка ѕвезда се наоѓа над неговото родно Крушево. Тоше и понатаму почива во имровизирана гробница покриена со теписон од вештачка трева во која е забоден дрвен крст со неговото име, датумот на раѓање и смрт.
Гробницата е поплочена со бекатон плочи, кои пропѓаат и тонат, а имровизираната метална конструкција е покриена со пластика и најлон.
 
Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Таквата слика ја затекнавме на гробот на македонската ѕвезда која ја посетивме пред пет години, а истата, ако не и полоша слика, деновиве ја затекна и екипата на емисијата од 360 степени од скопската АлсатМ телевизија.

„Дај малку вештачка трева да покријам овде. Дај ми неколку кадифени срценца, да ги „закрпам“ дупките кои зјапаат. Ти среди ја оваа страна, јас ќе ја маскирам другата за да не се види дека ова место се распаѓа…“, овој дијалог речиси секојдневно го воделе тројца луѓе, кои се грижеле за уредувањето и обезбедувањето на гробот на Тоше Проески. Тоа им стана се потешко, затоа што земјата на гробот тонеше, а страничните бекатон плочи од кровната конструкција попуштиле.

 

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

„Што да правиме? Местот го обезбедуваме од 2 ноември 2007 година. Многу луѓе ги дочекавме и испративме. Сите носат цвеќиња, кадифени срценца, кукли, мечиња… Ние тоа го средуваме, но некои работи не можат да се маскираат со подароци. Гробот е во очајна состојба. Телото на Тоше е покриено со земја, која постојано тоне, а на неа има теписон со вештачка трева. Паѓаат и странични бекатон плочи, а попушта и кровната конструкција. Се се распаѓа – немоќни сме тогаш, изјави Ратко Трајевски, еден од луѓето задолжени за чување и средување на гробното место.

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Упадна еден од фановите, „Кога би видел каде е, Тоше би се превртел во гроб“. Упадна еден од фановите на покојниот македонски пејач и разочарано излезе надвор.

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Собранието на Македонија во 2008 година, неполна година по неговата смрт, донесе одлука за изградба на меморијален споменик на Тоше Проески, кој постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Со средства од буџетот, споменикот требаше да биде готов за две години. Од тогаш мина речиси деценија, а Тоше и понатаму почива во гробот на кој нема ни надгробна плоча.

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Алсат М телевизија се обиде да добие одговор зошто е тоа така, но наиде на ѕид од молк во државните институции и Фондацијата на Тоше Проески. Ретко кој и во Крушево сака да разговара на оваа тема поради партиската поделеност во градот.

Импровизираната горбница е покриена и оградена со пластика, да ветерот не би можел да ги разнесе предметите кои неговите фанови со љубов ги оставаат на гробот.

 

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Дарија Илиќ од Словенија, една од најголемите почитувачи на Тоше, веќе научи како се влегува во ова, како го нарекува „царството на љубов и сеќавања“. Секоја година по два месеци престојува во Крушево, секојдневно бдеејќи над гробот, затоа што душата му е така мирна. И таа воочи дека се се распаѓа, и дека работите кои се оставаат на гробното место се кршат.

Foto: D. Joksic

 

„Убаво е ако се гледа само по тоа колку љубов луѓето носат со себе, и по подароците кои ги оставаат на гробот, но не е во ред да тој и понатаму е вака запуштен. Прво треба да се среди гробното место, а дури потоа да се гради неговата Спомен куќа, која е навистина неверојатна. Мора да му се направи достојно почивалиште, да барем таа рана се затвори за неговите родители“, изјави Дарија Илиќ за емисијата „360 степни“.

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Според идејното решение кое го објави Алсат М телевизија, на ова место би требало да биде изграден меморијален споменик на Тоше Проески, кој би се протегал од платоа во близина на неговата Спомен куќа, па се до самото гробно место.

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

 

Објектот треба да има купола, црква, фонтана, шеталиште, скали и многу цвеќиња. Меморијалниот споменик би требало да биде изграден до 2012 година, но од тоа не е направено ништо.

Pritnskrin: Youtube/360 Stepeni

Мери Гаџовска Стојановска, член на фан клубот на Тоше Проески, вели дека фановите би требало да се активираат и да направат достоинствен гроб на македонската музичка ѕвезда, но тоа денешната власт не го дозволувала ниту на фамилијата, ниту на кој било друг.

Foto: D. Joksic

 

Фановите досега мораа да направат притисок на новата Влада, за да конечно на Тоше му се направи гроб каков што доликува „анѓелски, за безгрешната душа“.

Foto: D. Joksic

 

Во непосредна близина на вечното почивалиште на македонскиот поејач подигната е Спомен куќа на Тоше Проески. Објектот во облик на крст е отворен на 25 април 2011 година, а на 870 квадратни метри се изложени голем број на фотки и 350 експонати, кој го материјализираат целиот животен пат на Тоше Проески.

Foto: D. Joksic

 

Во меморијалот хронолошки е прикажан целиот негов живот, од детството и тинејџерските години, до перидоот кога го достигна врвот на кариерата. Тука се наоѓаат две негови восочни фигури во природна големиа. Една го прикажува како пее, а другата како свири.

Foto: D. Joksic

 

Во центарот на Спомен куќата се наоѓа и молитвеник со верски предмети кои Тоше ги поседувал и записите од неговите размислувања и животна филозофија. Тука е и музичкото студио во кое Тоше компонирал, како и дневната соба, пренесена од неговата куќа во Скопје.

Foto: D. Joksic

 

Во дворот е изложен и неговиот омилен автомобил „Фолксфаген буба“, а околината со амфитеатар е наменета за одржување на собири и одмор за посетителите, кој на еден од ѕидовите може да ги испише пораките и мислите за својот идол.

Foto: D. Joksic

 

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година, а загинал на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка во Хрватска.

Foto: D. Joksic

 

Над Крушево се издигнува и манастирот Свето Преобрежење. Најголема заслуга за неговата изградба има Тоше.

„Овде го наоѓам својот духовен мир и знам дека после се ќе завршам овде“, изјави во една прилика Тоше.

 


 
 

 

 

 

 

19.05.2017 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа