Среде есен - од утре настапува индијанско лето, а еве што значи тоа

Овие денови му се радуваме на сонцето и топлите сончево денови. Убавото време се завршува токму денес, а периодот кој настапува се нарекува „индијанско лето“.

Но, тоа не значи крај на убавото време, туку напротив, пријатни и сончеви денови се пред нас.

Терминот „индијанско лето“ настанал во Америка некаде кон крајот на 18. век, па од тој перод наваму продолжува да се користи. Според Американците овој израз има врска со Индијанците, а постои и верзија како настанал.

Во прашање е феноментот доцно лето, пропратено со утринска магла, убаво време и прекрасни бои, што било карактеристично за пределите каде биле населени исклучиво Индијанците.

Во нашите краишта, честопати по правата појава на есенскиот мраз се појавува топлотен бран кој носи температура, повисока од просечната за тој дел од годината. Убавото и суво време, речиси без ветер и неретко проследено и со слаба утринска магла, може да трае од неколку дена, па сѐ до 2-3 недели.

Овој период кај македонскиот народ е познат под фразата „циганско лето“ или „ѓупско лето“.  Постои верување дека овој период го добил името според аргатите кои ја береле пченката по полињата.

 

 

 

12.10.2017 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа